"Топлификација" ќе произведува само парно греење

Bez autora
Oct 27 2010

Наместо скопска "Топлификација" до Нова година нова фирма ќе биде дистрибутер на парното греење во Скопје. Регулаторната комисија за енергетика деновиве објави тендер за избор на носител на лиценца за дистрибуција на топлинска енергија за општините: Ѓорче Петров, Карпош, Центар, Кисела Вода, Чаир, Аеродром и Гази Баба. Јавниот повик е отворен до 1 ноември годинава, а потоа РКЕ во законскиот рок од десетина дена ќе го избере најповолниот понудувач, односно фирмата која ќе стопанисува со дистрибуцијата на парното во овие делови од Скопје. Законот дозволува да се избере дистрибутер и доколку има една понуда, но под услов понудувачот ги исполни бараните услови наведени во огласот. Hајмногу поени се добива за вкупните вредности на инвестицијата кои се однесуваат за надградба на дистрибутивната мрежа за испорака на топлинската енергија.

"Топлификација" ќе произведува само парно греењеНаместо скопска "Топлификација" до Нова година нова фирма ќе биде дистрибутер на парното греење во Скопје.

Регулаторната комисија за енергетика деновиве објави тендер за избор на носител на лиценца за дистрибуција на топлинска енергија за општините: Ѓорче Петров, Карпош, Центар, Кисела Вода, Чаир, Аеродром и Гази Баба.

Јавниот повик е отворен до 1 ноември годинава, а потоа РКЕ во законскиот рок од десетина дена ќе го избере најповолниот понудувач, односно фирмата која ќе стопанисува со дистрибуцијата на парното во овие делови од Скопје. Законот дозволува да се избере дистрибутер и доколку има една понуда, но под услов понудувачот ги исполни бараните услови наведени во огласот.

Како што објасни Славко Бундалевски, раководител на Техничкиот сектор за природен гас, нафта и топлинска енергија при РКЕ, најмногу поени се добива за вкупните вредности на инвестицијата кои се однесуваат за надградба на дистрибутивната мрежа за испорака на топлинската енергија.

- Се р аботи за очекуваните ефекти кои се однесуваат за надградба на мрежата, можности за инвестиции, како и одржување на мрежата во сите наведени региони во Скопје како целина - вели Бундалевски.

Тој информира дека лиценцата за дистрибутерот на топлинската енергија е со важност од 35 години. По изборот на понудувачот, во рок од 60 дена ќе се додели и лиценцата за дистрибуцијата на парно греење.

- Во 2009 година скопска Топлификација" ја врати лиценцата за дистрибуција на топлинската енергија и оттогаш според законот има обврска да ја врши дејноста додека не се изберен нов дистрибутер - вели Бундалевски. Тој појасни дека слично беше и со дејноста снабдување, оти Топлификација" во 2008 година ја врати и оваа лиценца, а лани лиценцата за снабдување ја добија фирмите Снабдување Центар", Снабдување Исток" и Снабдување Запад".

Во 2006 година Топлификација" од РКЕ доби лиценца за производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија. Двете лиценци компанијата ги врати и во моментов поседува само лиценца за производство на топлинска енергија.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik